• недела, 15 декември 2024

Демократски сојуз: Ветингот на Али Ахмети го проведуваат САД

Демократски сојуз: Ветингот на Али Ахмети го проведуваат САД

Скопје, 10 декември 2024


Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична одговорност, како и нивните налогодавачи.

Криминалот и влијанието врз судовите не е само самостојна  определба и одлука на Артан Груби и Енвер Беџети, туку зад сите овие мафијашки однесувања стои лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Демократскиот сојуз повикува Парламентот да усвои Закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД за да се создаде законска основа за поведување постапка за кривична одговорност.

САД покажаа дека лажните бранители на албанскиот јазик во суштина продаваат магла и манипулираат со чувствата на Албанците за да си ја спасат сопствената кожа.

Водството на ОНА наместо во ХАГ, дваесет  години ја ограбува Македонија и нејзините граѓани и Албанци и Македонци.

Очекуваме оставки и акција од државата.

Демократски сојуз

Фото: Демократски сојуз

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан