• вторник, 24 декември 2024

Демократската партија на Турците за пропорционален модел со една изборна единица и без изборен праг

Демократската партија на Турците за пропорционален модел со една изборна единица и без изборен праг
Скопје, 31 јануари 2022 Деновиве преку средствата за јавно информирање како и на социјалните мрежи, позачестени се изјави, коментари, партиски соопштенија и сл. кои одат во правец на измени на изборниот законик, а кои пред се, се однесуваат на измени во изборниот модел. Со оглед на фактот дека е вообичаено и пожелно измените на изборниот законик да се извршат со целосен консензус на политичките партии, во име на Демократската Партија на Турците на Македонија (ТДП) ги замолуваме политичките партии целосно да се посветат на предлогот на повеќе пратеници, да се воведе „пропорционален модел„ каде територијата на Република Северна Македонија би била „една изборна единица„ без изборен праг. Условувањето на прифаќање на ваков модел со прифаќање на брзи предвремени избори, барањата за намалување на бројот на пратеници во Собранието на Р.С.М на 90 (што изискува промена на Уставот кој предвидува од 120 до 140 пратеници е долг и непредвидлив процес) барањата на одредени политички партии да се промени бројот на изборните единици и сл. се евтини обиди да се минира иницијативата за пропорционален модел со една изборна единица без изборен праг. Потсетуваме дека е крајно време поголемите политички партии да излезат од „стегите на своите теснопартиски интереси„ и да прифатат изборен модел кој ќе им овозможи и на помалите политички субјекти да го валоризираат секој глас на избирачите, со што ќе се рефлектира изборната волја на граѓаните и во Собранието на Р.С.М. Сите останати наводно добри решенија се само „перфидни игри„ да се изигра иницијативата на групата пратеници а притоа да се остави впечаток на праведност и демократичност. Многу е „почесно„ отворено и јасно да се наведат причините поради кои не се прифаќа иницијативата на групата пратеници, отколку да се “замајува јавноста” со провидни политички решенија. Воедно го повикуваме Претседателот на Собранието на Р.С.М, предлогот што поскоро да го стави на дневен ред на Собранието, со што ќе се избегне досегашната пракса измените на изборниот законик да се вршат непосредно пред изборите што е спротивно на демократските принципи и на барањата на меѓународната заедница, измените и дополнувањата на Изборниот законик „да не се вршат без претходна широка расправа„ и „непосредно пред изборите„. Бејџан Илјас, претседател на Демократската партија на Турците на Македонија (ТДП) __________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан