• среда, 25 декември 2024

Демир Капија обезбеди финансиски средства за изградба на краци од фекална канализација во две села

Демир Капија обезбеди финансиски средства за изградба на краци од фекална канализација во две села
Демир Капија, 26 мај 2022 (МИА) - Општина Демир Капија обезбеди финансиски средства за изградба на краци од фекална канализација во две села, информираше денеска градоначалникот Лазар Петров.
Тој појасни дека договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за доделување на финансиски средства за изградба на крак од фекална канализација во селото Корешница е постигнат врз основа на конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми проекти и други активности од областа на животната средина.
- Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 1.424.943,00 денари, од кои средствата од страна на Министерството изнесуваат 1.000.000,00 денари, додека остатокот од средствата ќе биде кофинансиран со средства од буџетот на општината, соопшти Петров.
Општината Демир Капија, потпишала договор со МЖСПП за доделување на финансиски средства за изградба на два крака од фекална канализација во селото Чифлик.
- Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 2.089.777,00 денари, од кои средствата од страна на Министерството изнесуваат 1.700.000,00 денари, додека, остатокот од средствата ќе биде кофинансиран со средства од буџетот на општината, појасни градоначалникот. свд/ар/

Остани поврзан