• вторник, 26 ноември 2024

Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов

Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Владата на една од изминатите седници донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекување на Леонид Индов, потврди денеска министерот за здравство Илир Демири.

-Даден е налог и тоа треба да е завршено како процедура и да е финализирано. Сепак, утре има седница на Влада, ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето за лекувањето на нашиот сограѓанин Леонид Индов, рече Демири во одговор на прашање на денешната прес-конференција.вј/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан