• вторник, 26 ноември 2024

Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања

Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Министерот за здравство во техничката Влада Илир Демири денеска изјави дека разрешувањето на  директорот на Клиниката за токсикологија Данил Петровски не е политичка кампања. Доколку го разрешел директорот пред изборите, како што рече, тогаш ќе било сватено како политичка кампања. 

разрешувањето на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија во Скопје, Данил Петровски. Демири рече дека доколку го суспендирал директорот пред изборите, „сите ќе го сфатевте тоа како политичка кампања“.

- Зошто не е порано суспендиран директорот, јас кажав дека станав министер во техничка влада, бев многу свесен каква позиција земам, земав со единствена причина да има континуитет здравствениот систем оти луѓево имаат право да се разболуваат пред избори, за време на избори и по избори. Доколку ја направев оваа постапка да се суспендира директорот пред изборите, сите ќе го сфатевте тоа како политичка кампања. Значи, не се работи за политичка кампања - изборите се завршени. Се работи за грешки, професионални и за професионализам што е обврска како министер за здравство да има ова правда и да има квалитетна здравствена услуга, одговори министерот.

Да било политички инструирано, според министерот, тој ќе ги разрешел другите директори на клиниките во Клинички центар во Скопје, кои биле политички опоненти.

- Вие јасно го знаете тоа и можете да ги следите нивните изјавувања и објави на „Фејсбук“. Јас сум загрижен за 18-те семејства кои не добиле плата, а тоа е обврска наша. Исто сум загрижен за 20-те семејства кои работат во оваа болница, специјалната болница во Лешок, каде имаме сериозни проблеми ако не се земе под покровителство на тетовската болница, таму ќе останат 20 луѓе без плата. Ако земете да ја анализирате структурата на вработените, направете калкулација и ќе видите дека не е инструирано од политичка желба, туку е инструирано баш од желба да има континуитет во здравствениот систем, па и во специјална болница Лешок и тие вработени кои се таму да немаат прекин ни во стаж ни во плати, оти се дел од здравствениот систем, појасни Демири.

На прашање околу тврдења во јавноста дека 18-те лица од Токсикологија не исполнуваат критериуми, тој одговори дека тоа прашање требало да се постави во 2023 година.

- Тие луѓе работеле 12 месеци на Клиника за токсикологија и имаат договор 12 месеци. После биле дел од здравствените услуги до еден месец пред изборите кога почнаа овие превирања. Да беше целта позитивна, зошто ги оставиле да работат 12 месеци, па зошто ги ставиле на смени првите три месеци од годинава? Тоа требало да го поставите 2023 година. Јас коментирам дека ако некој има договор и е дел од здравствениот систем една година, кој сум јас да го прекратам договорот на тој? Ние имаме 1.390 здравствени работници кои работат по договор на дело, што би се случило кога би се прекинале таквите договори? Јас бев и менаџер на тетовската болница, сте слушнале дека сум прекратил некаков договор?, одговори министерот на новинарско прашање.

Независно од тоа која политичка структура ги носи вработените, според него, вработените се на здравствениот систем и треба да добиваат трајно решение и трајно вработување. Министерот рече дека ќе се ангажира овие луѓе, кои се со договор на дело, да бидат приоритет при вработување на конкурсот што веќе ќе почне по изборите, а средствата биле обезбедени.

- Ваше како новинари ви останува како долг во иднина да ги следите и дали ќе има примања на нови кадри место овие кои работеле со години во здравствениот систем, им рече тој на новинарите во Тетово.

Прашан дали им се продолжени договорите на засегнатите лица од Клиниката за токсикологија, Демири рече дека сега ќе се продолжат договорите.

- Не може да се продолжат кога има врзан потпис, оти јас директорот го замолив пред изборите, го замолив, беше на разговор кај мене, го замолив да постапува според законски обврски. Директорот одби тоа да го направи, бевме пред избори. Јас чекав да заврши тоа, секој постапува според свои принципи и базирани на право. Јас се трудам секоја моја одлука да биде правно воздржана. Можат да се продолжат одма договорите, потенцираше Демири.

За организациската директорка на Клиниката за токсикологија во Скопје, Бесија Иљази, министерот изјави дека таа ќе остане на својата позиција сѐ додека не го прекрши законот.

-Медицинскиот директор на Токсикологија во Скопје, Петровски бил разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Тој и по разрешувањето ќе продолжи да работи на Клиниката, појаснија претходно од Министерството за здравство.

Вработени на Клиниката за токсикологија минатиот месец на прес-конференција се пожалија дека немаат соработка со организациската директорка Иљази, назначена на 12 февруари годинава и дека се инсистирало да се примат 18 лица со договор на дело што според лекарскиот колегиум, непотребен бил толкав број нови вработувања. 

Демири  при престојот во Тетово се осврна и на случајот со специјализантите кои протестираа изминатиот период со барања да им се реши статусот. -  Кај се младиве деца кои до 2018 не добиваа никаква надокнада за специлизацијата, а една недела пред изборите, правеа притисок? Па кога им реков дека Македонија има потреба за здравствени работници во сите градови, ги снема, праша Демири во Тетово. бд/ас/

Фото: МИА архива

Остани поврзан