• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дембеле: Енрике промени многу работи во ПСЖ, како и менталитетот на играчите

Дембеле: Енрике промени многу работи во ПСЖ, како и менталитетот на играчите

Париз, 27 мај 2025 (МИА) - Најдобриот стрелец на Пари Сен Жермен оваа сезона, Усман Дембеле, даде интервју за веб-страницата на клубот четири дена пред финалето на Лигата на шампионите против Интер во Минхен.

-Сакаме да играме на натпреварите за кои сонуваме уште од деца. Финалето на Лигата на шампионите е нешто посебно. Тимот ми помогна многу. Се наоѓам во позиција пред голот и немам друг избор освен да постигнам гол. Не е лесно, но сум во добра позиција, изјави 28-годишниот напаѓач.

Во однос на тимот, вели дека им претставува големо задоволство да играат заедно, да напаѓаат и да се бранат заедно.

-Тренерот дојде со многу јасна идеја. Тој промени многу работи во овој тим. Менталитетот на играчите исто така се промени. Навистина имаме глад за трофеи и поради оваа причина се туркаме напред. Конкуренцијата во тимот е фундаментална и ги поттикнува играчите да дадат сè од себе до крајот, вели Усман Дембеле. дс

Фото: Архива

Остани поврзан