• сабота, 23 ноември 2024

Демант на Институтот за трансфузиона медицина до д-р Лилија Чолакова-Дервишева

Демант на Институтот за трансфузиона медицина до д-р Лилија Чолакова-Дервишева
Скопје, 20 август 2020
Институтот за трансфузиона медицина ја демантира изјавата на д-р Лилија Чолакова-Дервишева, претседател на Здружение на матични лекари, дадена на вести на Телевизија 24, во која вели дека на пациентката морало да и даде Итен упат бидејки редовен термин за трансфузија имало дури во октомври“.
„Одделот за Специјалистичко-консултативна здравствена дејност при Институт за Трансфузиона медицина – Скопје (Амбуланти) работеше цело време за време на вонредната состојба со една Амбуланта за итни случаи, а сите закажани термини по Мојтермин беа откажани од нашите администратори со јавување со мобилен телефон.
Од Јуни 01, 2020 година работиме со 2 Амбуланти и сите предходно откажани пациенти се презакажаа и веќе од средината на Јули работиме со ново закажани пациенти со термини по Мојтермин. Со Итни упати работиме секој ден, иако има слободни термини по Мојтермин и речиси сите НЕ се со итна-животозагрозувачка состојба.
Исто така, цело време работи и Лабораторија за анализи – Скопје 1 и Скопје 2, каде сите лекари, и матични и специјалисти, може да закажат термин за оние анализи кои им се потребни и тоа од денес за денес.
Термини за кај лекар во Одделот за Специјалистичко-консултативна дејност при Институт за Трансфузиона медицина – Скопје (Амбуланта) има за една недела, а за Лабораторија за анализи има за истиот ден.
Сето погоре кажано важи и за сите Амбуланти, како и Лабораторија за анализи во секој град каде имаме трансфузиолошка служба. Сето погоре кажано лесно може да се провери во Мојтермин.“ - посочуваат од Институтот.
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан