• среда, 04 декември 2024

Демант за потрошена електрична енергија од страна на ЖРСМ Транспорт АД - Скопје

Демант за потрошена електрична енергија од страна на ЖРСМ Транспорт АД - Скопје
Скопје, 24 ноември 2022 Сакаме да дадеме Демант од страна на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје, а поради објавена анализа за потрошувачка на електрична енергија со прилог табела од страна на Министерот за Економија Кресник Бектеши каде од податоците за Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје може да се увиди дека стоиме како најголем потрошувач на електрична енергија со најмалку заштеда се целосно невистинити. Имено сакаме да Ве известиме дека согласно официјалните податоци од Одделението за енергетска ефикасност при ЖРСМ Транспорт АД – Скопје за потрошена електрична енергија видно е дека: За ЕВН Хоме одржување на влечни и влечени средства и административни згради,  споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 65.171.50 KW, а за 09.2022 година потрошено е 57.227.40 KWсо што остварена е заштеда од -12.19%. Исто така напоменуваме дека ЖРСМ Транспорт АД -  Скопје  споредбено за месец 10.2021 година потрошено е 131.174.30 KW, а за 10.2022 година потрошено е 83.507.00 KW со што остварена е заштеда од -36.34%. За ЕВН Хоме преку мрежата на МЕПСО за товарен и патнички сообраќај, споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 1.166.220,00KWh, а за 09.2022 година потрошено е 1.060.020,00KWh со што остварена е заштеда од -9.10%. Исто така напоменуваме дека ЖРСМТ Транспорт АД – Скопје за месец 10.2021 година потрошено е 1.122.920,00KWh, а за 10.2022 година потрошено е 1.075.330,00KWh со што остварена е заштеда од -4.23%. Овие податоци официјално се потврдени од Владата на Република Северна Македонија од Извадок од нацрт Записникот на Владата на РСМ на Сто и втората седница одржана на ден 15.11.2022 година број 41-10377/2 од каде може да се види дека Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје е еден од најголемите заштедувачи на електрична енергија. Кабинет на генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан