Дел од Хиподром денеска без вода
- Дел од жителите на населбата Хиподром денеска од 9 часот ќе бидат без вода.
![Дел од Хиподром денеска без вода](https://mia.mk/index.php/images/20221113172043_big_730x400_30.webp )
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Дел од жителите на населбата Хиподром денеска од 9 часот ќе бидат без вода.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради промена на шибер Ф-100 мм на улицата „Никола Киров - Мајски“ бр.2 во населба Хиподром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот се до санирање на дефектот. мд/