Дел од скопската населба Хиподром денеска без вода
- Без вода денеска од 11:40 часот се корисниците од населбата Хиподром во Општина Гази Баба.

Скопје, 21 август 2022 (МИА) - Без вода денеска од 11:40 часот се корисниците од населбата Хиподром во Општина Гази Баба.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна водоводна цевка на ул.„Париска комуна“ бр.17 а, во населбата Хиподром.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. фф/нд/