Дел од Радишани денеска без вода
- Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 250 милиметри на улицата „Радишанска“ пред „Гиго Трејд“, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Бел Камен“ и „Скоевска“, како и од дел од улицата „Радишанска“.
Скопје, 20 септември 2025 (МИА) - Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 250 милиметри на улицата „Радишанска“ пред „Гиго Трејд“, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Бел Камен“ и „Скоевска“, како и од дел од улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:50 часот до завршување на работните активности.вј/
Фото: МИА архива