Дел од Припор и Ракотинци без вода
- Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“, крак 21.

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“, крак 21.
Како што соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Христо Татарчев“ 21/5а.
Поради уличен дефект на улица „1“ број 4 во село Ракотинци, општина Сопиште, денеска од 9:50 часот без вода се дел од жителите од ова село.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектите. мд/са/
Фото: МИА архива