Дел од општина Гази Баба утре без вода
Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Без вода утре од 9 часот ќе бодат дел од жителите на населбата Камник, ресторанот и стрелиштето.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 милиметри на улица „Љубиша Самарџиќ“ (поранешна „Камник“).
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/са/
Фото: МИА архива