• вторник, 24 декември 2024

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

Тетово, 31 мај 2023 (МИА) -  По евиденцијата на објектите на територија на националниот парк Шар Планина, во следните фази ќе определат тие кои може да се легализираат со цел во иднина да се користат за туризам, најави денеска директоротот на Националниот парк, Ибрахим Дехари. Од овааа установа беше организираше средба со повеќе засегнати страни и еден од главните поддржувачи Програмата за животна средина при Обединетите Нациии - УНЕП.

-Анализата ја направивме во прва фаза, тоа значи евидентирани сите објекти што се на Шара плус минус еден посто, бројката е околу 700 објекти надвор од селата. За тие објекти сега во втората разговараме со општините под кои спаѓаат за да видиме кој од тие објекти ќе можат да се легализираат пошто некои објекти се од Југославија, некои се сега градени. Во трета фаза одиме на разговори со сопственици на тие објекти кои може да ги насочиме за можен туризам. Откако ќе се заврши таа фаза е четврта фаза соработка со странски тур-оператори за туристичка понуда, изјави Дехари.

Според него, за тоа кои од објектите ќе се уриваат ќе одлучат правосудните органи, а потенцира дека ги има во сите зони. 

-Насекаде ги има има и во активна зона. Во зона на строга заштита нема објекти освен бачилата. Во другите зони тоа се претежно мали објекти, има и легализирани во активна зона. Пример има два објекти над Гајре, кои се изградени во државна сопственост.  Тука примерот од Сараево каде бевме вели дека иако има објекти може пример да се прави нова гондола, изјави Дехари.

Во првата фаза, евидентирани се 769 градбите вон населените места на територија на НП Шар Планина.  Најмногу, 462 има на територија на Општина Тетово, 115 во Теарце и Боговиње 74 ... ас/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан