• среда, 25 декември 2024

Делчевската библиотека со конкурс за поезија и проза ќе го одбележи Светскиот ден на мајчиниот јазик

Делчевската библиотека со конкурс за поезија и проза ќе го одбележи Светскиот ден на мајчиниот јазик
Делчево, 1 февруари 2021 (МИА) - По повод Светскиот ден на мајчиниот јазик, локалната библиотека „Илинден“ од Делчево распиша јавен конкурс за поезија и проза на тема „Јазикот е мојата татковина“. Конкурсот како што информираше директорката Биљана Петровска, ќе се реализира во соработка со воспитно-образовните установи од градот.
-Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од прво до деветто одделение. Секако тоа ќе го реализираме заедно со наставниците по македонски јазик од двете основни училишта во Делчево. Ова нека биде јавна покана до сите ученици, доколку го сакаат убавиот пишан збор и сакаат да творат, да напишаат творба проза или поезија и да ја испратат до библиотеката по пошта на ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, или да ја проследат до своите наставници по македонски јазик, рече Петровска.
За најдобрите три творби од конкурсот, како што додаде директорката ќе следуваат награди.
-Наградите ќе се доделат за трите најдобри творби поединечно за проза и поезија. Имињата на наградените творби ќе ги соопштиме кон крајот на месецот кога и официјално ќе го одбележиме Светскиот ден на мајчиниот јазик - 21 февруари, додаде Петровска.
Во меѓувреме во библиотеката во тек е пописот на книжниот фонд. Според последниот попис од 2016 година, делчевската библиотека располага со вкупно 47.461 книга.вс/свс

Остани поврзан