• среда, 19 март 2025

Делчево повторно на агендата на Балкански „ретро-кар“ собири

Делчево повторно на агендата на Балкански „ретро-кар“ собири
Делчево, 12 јануари 2021 (МИА) - Делчево повторно на агендата на Балкански „ретро-кар“ собири, како единствен град во земјава, каде се одржува традиционалната Изложба на олдтајмери. Лоренцо Трајановски, претседател на клубот „King's of the roads“ кој секоја година го организира настанот, изрази благодарност до својот колега од ретро-кар клубот „Пирин“ од Благоевград, Бугарија, Андреј Андреев кој издејствувал преку настанот Делчево да се промовира во балкански рамки. - Во овој Балкански календар, Делчево значи е единствен град од Македонија, а на листата се наоѓаат и градовите Ниш и Врање од Србија, како и повеќе градови од соседна Бугарија. Ретро-кар собирот годинава е планиран да се одржи на 17 април 2022 година и истиот ќе се одржи по 6-ти пат, информира Трајановски.  Како сопственик на првиот музеј на олдтајмери со над 15 возила, Трајановски не остава ништо на случајноста и уште отсега има набавено ново возило во колекцијата со која ќе се претстави пред пошироката публика. - Се работи за олдтајмер меѓу народот познат како Застава 750, возило кое го адаптирам за да може да биде, така да кажам, „во форма“ за самиот настан, додаде Трајановски. Љубовта на пожарникарот Лоренцо кон олдтајмерите е огромна, а како резултат на пријателството на Трајановски со вљубеници во олдтајмерите од Словенија, неодамна доби донација од противпожарно возило. вс/мс/

Остани поврзан