• недела, 25 август 2024

Делови од Центар и Бутел утре без струја

Делови од Центар и Бутел утре без струја
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - Поради закажани технички зафати во мрежата, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар и Бутел. Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја од 8:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од улицата „Партениј Зографски“ од бр. 65 до бр. 77 (до крајот на уличката) и дел од ул. „Тодор Александров“ во општина Центар. Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот че останат и дел од ул. „Скоевска“ во Радишани од бр. 18 А до бр. 30 А во општина Бутел. дма/са/

Остани поврзан