• сабота, 14 февруари 2026

Делегација од Узбекистан во посета на Охрид, средби со градоначалникот Пецаков

Делегација од Узбекистан во посета на Охрид, средби со градоначалникот Пецаков

Охрид, 13 февруари 2026 (МИА) – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска прими делегација од Узбекистан предводена од градоначалникот на општината Џизах, Азимов Зафар Абдумажидович.

- На работната средба на којашто присуствуваа и претставници од тамошните Министерставата за економија и финансии се разгледуваа можностите за збратимување меѓу двата града Охрид и Џизах како најголеми туристички центри во двете држави. Тоа би значело воспоставување цврста туристичката соработка и бројна посетеност на охридската ревиера од гости од Узбекистан. Соработка би се воспоставила и во делот на образование, култура и економијa преку развојните технолошко – индустриски зони со кои располагаат двата града. Гостите беа информирани и за субвенциите кои на локално и државно ниво им следат на гостите и туроператорите доколку би се воспоставила соработката, информираат од Општина Охрид.

На средбата станало збор и за меѓународниот туристички форум што секоја година се одржува во Узбекистан и придобивките од него.

Делегацијата од Узбекистан претходно оствари средба со високи владини претставници од областа на економија и финансии. аб/мд/

фото: Општина Охрид

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан