• среда, 27 ноември 2024

Делегација од Општина Крива Паланка во посета на градот Бор, Република Србија

Делегација од Општина Крива Паланка во посета на градот Бор, Република Србија
Крива Паланка, 4 октомври 2022 (МИА) - Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, е во официјална посета на Бор, по повод одбележувањето на празникот на градот, 3-ти Октомври.
На покана на градоначалникот на град Бор, Александар Миликиќ, делегацијата од Општина Крива Паланка која покрај градоначалникот ја сочинуваат и претседалката на Советот, Изабела Павловска и секретарот на општината, Антонио Давитковски, присуствуваше на главната свеченост и свечената академија, како и на другите настани организирани по повод Денот на градот Бор.
-Во рамките на оваа посета, делегациите разговараа за можностите за унапредување на веќе воспоставеното пријателство, како и превземањето кокретни активности за соработка во областа на културата, спортот, граѓанскиот сектор, младинскиот активизам и економијата и јакнењето и негувањето на блиските врски со големиот број на иселеници од кривопаланечкиот крај, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.
Градоначалникот Митовски ја искористи оваа посета и упати директна покана до колегата  Миликиќ за возвратна посета по повод претстојниот празник, Денот на ослободувањето на Крива Паланка ,8Октомври. ид/вг/

Остани поврзан