• четврток, 19 декември 2024

Делегација на парламентарната Комисија за европски прашања на Чешка во посета на Собранието

Делегација на парламентарната Комисија за европски прашања на Чешка во посета на Собранието

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Претседателот и членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска имале работна средба со делегација на парламентарната Комисија за европски прашања на Чешката Република, предводена од претседателот на Комисијата, Владислав Вилимец.

-Претседателот на Комисијата, Арбер Адеми, ги истакна истакна традиционалните пријателски релации со Чешка и одличната соработка на сите полиња, од почетокот на воспоставувањето на нашите меѓусебни дипломатски односи, кои следната година ќе одбележат 30 години од нивното воспоставување. На состанокот, Адеми го поздрави засилениот ангажман на ЕУ во регионот на Западен Балкан од аспект на напредокот и нашите подготовки за ЕУ-членство, и во тој контекст и на Чешката Република, соопшти Собранието на Република Северна Македонија. 

Адеми информирал дека е отпочната процедура за изгласување за уставните измени во Парламентот, за што ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

Претседателот на чешката Комисија за европски прашања, Владислав Вилимец, како што се наведува во соопштението, ја потврдил поддршката на Чешка за нашиот евроинтеграциски процес и истакнал дека „секое пролонгирање значи и губење време и пропуштање на позитивниот моментум за почеток на преговорите во ЕУ“.

-Притоа, изрази подготвеност да ги сподели чешките искуства за ЕУ-членство. Во дискусијата учествуваа членовите на Комисијата, Марија Петрушевска и Санела Шкријељ, кои ја истакнаа подготвеноста на земјата да ги спроведува потребните европски реформи, како и определбата на сите граѓани и политички партии за европска држава, информира собраниската прес-служба. хс/цр

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Остани поврзан