• среда, 25 декември 2024

Делегација на Општина Берово дел од економскиот форум ,,Паметни градови во рамки на ЕУ – Западен Балкан”

Делегација на Општина Берово дел од економскиот форум ,,Паметни градови во рамки на ЕУ – Западен Балкан”

Берово, 17 ноември 2022 (МИА) – Делегација на Општина Берово присуствува на тридневниот Економски форум „Паметни градови во рамки на ЕУ – Западен Балкан“, кој од 16 до 18 ноември се одржува во Прага, Република Чешка. Саемот е организиран во рамки на чешкото претседателство со Советот на ЕУ, а на настанот заедно со раководителот на Одделението за ЛЕР при Општина Берово присуствува и градоначалникот на општината Звонко Пекевски.

-Саемот е посветен на трансфер на знаење, меѓу експертите на институционално и деловно ниво, со фокус на повеќе теми поврзани со одржливиот и паметен урбан развој. Заедно со делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, составени од претставници од повеќе општини, имаме можност, да посетиме релевантни примери на технички решенија во градовите низ Чешка, да размениме и да споделиме искуства, истакна Пекевски.

Во рамки на дискусиите на средбата како што напомена нагласена е поддршката од Република Чешка во напорите за интеграција на земјите од Западен Балкан, одразувајќи ја континуираната поддршка, давајќи им приоритет на односите со ЕУ.

Економскиот форум за паметни градови, има за цел да ги собере претставниците и експертите од ЕУ и од Западен Балкан, за да разговараат за можностите за проширување на економската соработка и унапредување на процесите на интеграција

Настанот е организиран од страна на Министерството за индустрија и трговија на Република Чешка и другите партнер учесници: Европската комисија, Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Министерството за регионален развој на Република Чешка, Пактот на градоначалниците на ЕУ, Чешката трговија и Чекинвест. вс/ир

Остани поврзан