• сабота, 23 ноември 2024

Делегација на Бошњачкиот демократски сојуз во работна посета на БиХ

Делегација на Бошњачкиот демократски сојуз во работна посета на БиХ
Скопје, 31 мај 2022 Делегацијата на Бошњачкиот демократски сојуз предводена од претседателот Мунир Колашинац и претседателот на Бошњачкиот национален совет – Џеват Хот беа дел од координацијата за национални прашања која се одржи во Босна и Херцеговина. На истоимената координација, претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз и претседателот на Бошњачкиот национален совет остварија средба со претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина - Шефик Џаферовиќ и градоначалничката на Сараево – Бењамина Лондрц Кариќ. -За време на посетата на Босна и Хецеговина остваривме средба со претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина - Шефик Џаферовиќ и градоначалничката на Сараево – Бењамина Лондрц Кариќ, на која имавме можност да ги разгледаме сите национални прашања што ги засегаат обете страни и воедно да ги размениме мислењата и ставовите за нашите идни планови и можности за подобрување на истите, изјави претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз.   Бошњачки демократски сојуз ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.        

Остани поврзан