• среда, 25 декември 2024

Дела на Киро Урдин изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел

Дела на Киро Урдин изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Делата на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска ќе бидат изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел. Тамошните љубители на уметноста ќе можат да ги видат најновите негови платна до 24 септември.

Ова доаѓа по неговото претставување во галеријата „Константин Бранкуши” во Букурешт, што се одржа од втори до 31 август.

Делата на уметникот ќе бидат изложени и на Интернационален фестивал на поезија во Букурешт (FIPB 2023) oд 11 до 17 септември и на Интернационалниот фестивал за модерна уметност во Сибиу, исто така во Романија, од 16 до 30 септември.бт/са/ 

Фото/ МИА Архива

Остани поврзан