• сабота, 09 ноември 2024

Дезинфекција на сите јавни институции во Кавадарци 

Дезинфекција на сите јавни институции во Кавадарци 
Кавадарци, 13 ноември 2020 (МИА) - Извршена е дезинфекција на сите јавни институции од страна на вработените во Локалната самоуправа, информираат од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Целта е да се спречи ширењето на коронавирусот. Вчера Тиквешијата регистрираше нови 15 случаи позитивни на Ковид-19, како и четири починати лица со коронавирус. Како што информираше доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, од новозаболените, 14 лица се од Кавадарци, а едно од Неготино. На возраст се од 23 до 67 години. Три лица од починатите се од Кавадарци, на возраст од 71 до 77 години, како и едно од Неготино на 74-годишна возраст. свд/мс/

Остани поврзан