• петок, 27 декември 2024

Девет тинејџери загинаа при уривање на мост на Суматра

Девет тинејџери загинаа при уривање на мост на Суматра
Џакарта, 20 јануари 2020 (МИА) - Девет лица се удавија во надојдената вода откако се урна пешачки мост на индонезискиот остров Суматра, соопштија денеска локалните власти. Девет тела биле извлечени од вода 20 километри подалеку од мостот кој се урна вчера попладне во провинцијата Бенгкулу. Спасени се 20 лица, а едно е префрлено во болница со сериозни повреди. Спасувачите трагаат по 14-годишно момче, кое се води како исчезнато. Околу 30 луѓе, од кои повеќето биле тинејџери, по посетата на блиската хидроцентрала застанале на мостот за да се сликаат над надојдената река. - Очигледно дека биле повеќе луѓе отколку што може да издржи капацитетот на мостот, некои тинејџери дури и го нишале мостот на шега, изјавија спасувачите. Сезонските дождови последните недели предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија. ез/ми/

Остани поврзан