• петок, 08 ноември 2024

Девет мигранти го загубија животот, а 15 се исчезнати откако нивниот брод се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза

Девет мигранти го загубија животот, а 15 се исчезнати откако нивниот брод се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза

Рим, 11 април 2024 (МИА) - Девет лица го загубија животот, а најмалку 15 се водат како исчезнати откако брод со мигранти се преврте кај италијанскиот остров Лампедуза, јави ДПА, повикувајќи се на италијанската крајбрежна стража.

Според податоците на италијанската новинска агенција АНСА, меѓу жртвите има и девојче на возраст од четири до осум години. Според агенцијата, во чамецот имало 46 лица. Тој се превртел во меѓународни води на околу 30 наутички милји југоисточно од Лампедуза, соопшти крајбрежната стража. Службата забележува дека напорите за пронаоѓање на преживеани се отежнати од бранови високи до 2,5 метри.

Крајбрежната стража соопшти дека бродот испловил од тунискиот град Сфакс. И покрај големата гужва, патролен чамец успеал да извлече поголем дел од луѓето од превртениот чамец, но неколку мигранти починаа од хипотермија на пат кон Лампедуза.

На малиот италијански остров беа однесени 23 преживеани. На неколку од нив им била потребна итна медицинска помош. Сè уште не се јасни точните околности на несреќата, бидејќи некои од преживеаните дадоа спротивни информации за тоа што се случило. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан