• среда, 27 ноември 2024

Деветнаесетгодишник приведен поради агресивност кон полицајци

Деветнаесетгодишник приведен поради агресивност кон полицајци
Тетово, 24 октомври 2021 (МИА) -  Тетовската полиција инфомира дека ноќеска 19 годишник од Радиовце е приведен во Тетово поради агресивност кон полициски службеници.  Настанот се случил рано утринава околу 03:40 часот. -На улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д. Д. (19) од село Радиовце, Tетовско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Марјна Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. СВР Тетово бележи и приведување поради пријавен физички напад.  Минатата ноќ во 21.30 часот во Тетово, приведен е А.С.(33) од с.Мала Речица, Tетовско, затоа што околу 16.50 часот на „29 Ноември“ во Тетово физички ја нападнал Х.Б.(41) од с.Селце, Tетовско. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ас/аа/

Остани поврзан