• понеделник, 23 декември 2024

Деветмина убиени во израелски операции на северот од Западниот Брег

Деветмина убиени во израелски операции на северот од Западниот Брег

Рамала, 21 ноември 2024 (МИА) - Израелската војска соопшти дека за време на дводневна операција на северот од Западниот Брег, во која учествувале и воздухопловните сили, се убиени девет „терористи“, јави ДПА.

Во заедничките акции во Џенин и околните области, спроведени вчера и завчера, израелските сили уапсиле лица за кои се издадени потерници, заплениле оружје и откриле четири лаборатории за изработка на експлозиви, се наведува во соопштението.

Исто така, деминирале десетици експлозивни направи поставени под патишта, за што е потребно булдожери да ги разораат улиците.

Палестинското Министерство за здравство во Рамала го потврди бројот на убиените, но не е познато дали сите биле членови на милитантни групи.

Исламистичката група Исламски Џихад соопшти дека тројца нејзини борци се убиени, додека Хамас потврди дека меѓу загинатите има и еден нивни борец.

Палестинските извори наведуваат дека над 750 Палестинци загинале на Западниот Брег од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан