Дебитантска победа на Пелистер во АБА 2 лигата
- Кошаркарите на Пелистер во вториот натпревар од својата дебитантска сезона во АБА 2 лигата ја забележаа вечерва првата победа, триумфирајќи над Сутјеска од Црна Гора со 93:73.

Златибор, 15 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер во вториот натпревар од својата дебитантска сезона во АБА 2 лигата ја забележаа вечерва првата победа, триумфирајќи над Сутјеска од Црна Гора со 93:73.
По поразот во воведното коло во средата од Ловќен со 108:85, битолчани денеска одиграа многу подобар натпревар и сосема заслужено на крајот се радуваа на дебитантскиот триумф во регионалното натпреварување.
Трајковски и Малешевиќ со по 16 и Хотон со 14 поени беа најефикасни во тимот на Марјан Илиевски.
Вториот „балон“ на АБА2 лигата се игра следниот месец во Осиек. ег/мс/