• сабота, 23 ноември 2024

Дебата „30 години граѓанско опшество“

Дебата „30 години граѓанско опшество“
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Дебата „30 години граѓанско општество“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). - Во духот на одбележувањето на првите три декади од независноста на државата, дебатата ја посветуваме на развојот на граѓанското општество, граѓанскиот активизам и трендовите во функционирањето на граѓанските организации во последните 30 години, наведуваат од МЦМС. На настанот, како што најавија, воведни обраќања ќе имаат Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, поранешен уставен судија, Сашо Клекоски, аналитичар, Ибрахим Мехмети, од Швајцарска агенција за развој и соработка и Катерина Хаџи-Мицева Еванс, од Европски центар за непрофитно право. Фасилитатор на настанот ќе биде Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. На настанот ќе биде презентирана анализата „Аналитички осврт на развојот на граѓанското општество од независноста на државата до сега“, подготвена од Наташа Габер Дамјановска, а ќе се дебатира и за клучните постигнувања, но и за научените лекции од 30 години граѓанско општество. Ова е завршен настан на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи, Гостивар и Медиа плус, Штип. мс/мд/

Остани поврзан