• среда, 25 декември 2024

Дебата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“

Дебата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања и политики денеска организираат дебата во Собранието на Република Северна Македонија на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“. Како што најавија организаторите, на дебатата ќе дискутираат повеќе од 30 млади алумнисти од НДИ, ИРИ, ИФЕС, Младински европски амбасадори, како и младински активисти на Евроатлантскиот совет, Младинскиот сојуз, Сојузот на средношколци и ИДУЕП. -Главна тема и идеја на настанот е споделување на лични мислења, ставови и експертиза од страна на сите присутни, со што на инклузивен начин и преку демократска комуникација би се разговарало за потребата за измена на изборниот модел и како тој би изгледал креиран низ перспективата на младите, велат организаторите. Оваа активност е дел од напорите на ИДУЕП да ја истакне потребата од јавна аргументирана дебата за важни општествени теми во која главниот збор ќе го имаат младите како сегашни и идни креатори на политики, а е прва од серијата настани што ќе се организираат заедно со собранискиот Клуб за младински прашања и политики. ки/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан