• сабота, 27 јули 2024

Дебата „Иселување и демографија предизвик за Македонија“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ

Дебата „Иселување и демографија предизвик за Македонија“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ

22 октомври 2023 

„На влезот во Пехчево навистина не можевме да видиме луѓе. Го памтам овој крај, го памтам за викенди полна чаршија од луѓе, улиците по градот полни со деца кои играат разно разни игри. Денеска, за жал е една пустелија која се пресликува не само во Пехчево, туку во целата Малешевија, Пијанец па и Виница и Македонска Каменица како дел од овој регион“, истакна членот на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната трибина Дебати за Македонија – „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ во Општина Пехчево.

Тој потенцираше дека мора да се констатира дека истокот е празен, меѓутоа истокот е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе 7 години.

„Оваа власт влезе, ја доби власта со еден лажен слоган „За живот“ преку којшто ветуваше подобар живот за сите граѓани и затоа граѓаните поверуваа и влегоа во приказната на социјалдемократскиот сојуз и живот. Се наоѓаме во 7 година на власта која нема стратегија како да се движи. Во овие 7 години променети се 3 министри за финансии, во моментот кога дојдоа таму се и основите на промашувањата на оваа власт, рекоа дека ќе го тргнат рамниот данок, тој данок покажа резултати во Македонија затоа што со вложувањето на добивките на бизнисот во државата  се правеа нови економски зголемени капацитети во коишто се запослуваа граѓани, за да по една година со промена на министер да се променуваат и економските политики на таа власт која на ден пред Нова Година и почеток на фискална година реши да го воведе прогресивниот данок. Нема стабилност за бизнисот, граѓаните, банките затоа што сериозни бизнис компании прават десет годишни, повеќе годишни планови за инвестирање, се донесовме во ситуација да сакаат да воведуваат прогресивен данок. Кога реагираше бизнисот тоа го ставија во мирување одреден временски период што значи дека не стојат на мерките планирани односно реагираат импулсивно по реакција од граѓани“, посочи тој.

Мицевски констатираше дека денешните законски решенија кои власта ги нуди се само реакција од граѓаните. Кога одреден сектор ќе реагира и ќе застане, односно ќе каже дека има проблеми тогаш се власта измислува ад-хок мерки со кои моментално се купува мир, но тоа не е решение кое Македонија ќе ја води во правилна насока.

„Еден од тие буџети го нарекоа инвестираме во човечкиот капитал. Човечкиот капитал не се само луѓето, човечкиот капитал се и условите во кои живеат и творат тие луѓе, за жал теоријата ја имаат затоа што донесоа и стратегија повеќегодишна за човечкиот капитал, за развојот на човечкиот капитал меѓутоа во пракса се случува сосема спротивно затоа што нема семејство во Малешевијата, Пијанец, но нема семејство ни во Македонија каде младото работоспособно население не размислува и не ја напуштило Македонија. Зошто? Затоа што младите луѓе се разочарани, затоа што возрасните знаат што се случува, затоа што не гледаат перспектива и иднина и тоа е тоа што и фали на оваа држава“, рече Мицевски.

Тој додаде дека се уништени програмите и мерките за многудетни семејства.

„Фалат стабилен човечки потенцијал и фалат мерки долгорочни кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ и фали судство во кое ќе веруваат граѓаните. Фали општество во кое граѓаните ќе веруваат. СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава. Тоа го гледаме на дневно ниво и во законите што се преточени во Собранието, а тоа е ад-хок реакции по реакција на одредена сфера, стопански субјект, одредена стопанска комора или одреден дел од општеството“, вели тој.

Мицевски истакна дека на Македонија во наредниот период и е потребен ресет на секое ниво.

„Приоритети во Собранието се друго само погледнете кои закони се носат со европско знаменце и ќе знаете каде се движи државата. Тоа е законот за игри на среќа, законот за до пред одреден временски период за отворање на фабрики на марихуани, тоа е размислувањето на ова власт. Тие гледаат како да дојдат до брзи пари, како одредени луѓе кои влегоа сиромашни во политиката за 7 годишен временски период излегоа милијардери и тоа ќе биде една од обврските на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период да направи ревизија и потекло на имотот на граѓаните во Република Македонија. Законско решение кое не само да го ветуваме, туку и во пракса да го преточиме затоа што граѓаните сакаат сигурна држава, правна држава која ќе нуди правна сигурност на секој еден граѓанин. Довербата во судството од минорни 1% во кои се доведовме е причина затоа што оние кои делат тендери и ја имаат политичката моќ во една држава се заедно затоа и судството ни е комплет на она кое што ни е“, кажа Мицевски.

Тој додаде дека овие 7 години власта на СДС и ДУИ не донесоа на позиција на која сме.

„Регионалниот рамномерен развој не се практикува секаде исто. Рамномерниот регионален развој го немаме во Источна Македонија, Малешевијата, односно го имаме селективно затоа што во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ помошта и она што законски е обврска на државата не се испраќа кон градоначалниците. Знам каква мака има градоначалникот кој се наоѓа во средина, а тоа е градоначалникот Александар Китански од Пехчево за добивање на редовни донации и редовни средства кои му следуваат за разлика од градоначалниците од Берово и Делчево. Истото е во Македонска Каменица и Виница и затоа изразувам голема благодарност до овие градоначалници кои смогнуваат сили и покрај опструкциите што ги имаат на дневно ниво од централната власта да успеваат да сработат нешто“, дециден е тој.

Мицевски се надева дека со брзата промена на власта во краток временски период ќе успеат тие средства кои ги следуваат овие општини редовно да ги сервисираме за да можат истите малку покомотно да успеваат да ги реализираат сите оние активности кои требаат.

„Регионалниот рамномерен развој не само во источна Македонија, се чувствува односно неработењето на оваа власт и во западна Македонија иселување за кое зборуваме тука и демографските показатели и индекси се случуваат насекаде низ Македонија. Факт на тоа е лошото менаџирање на оваа Влада и решение за целата таа работа е брза промена на оваа власт“, кажа тој.

Мицевски изјави дека во Македонија еден од клучните ресурси е човекот и околу него треба да ги поставиме сите оние мерки кои следуваат.

„Многу е комплексен целиот овој процес. Мораме да размислуваме прво граѓаните, младите луѓе да ги задржиме, дел од нив да успееме со подобрување на економијата да ги вратиме. Да воведеме нови мерки карактеристични за секој регион. Да ги подобриме земјоделските и ИПАРД проектите во Источна Македонија и Малешевијата. Да се размислува за планинскиот и еко туризам. Да се подобрат инфраструктурните состојби во Македонија, здравството затоа што оваа општина мака мачи со здравствени услуги. Да се подобри образовниот капитал затоа што последните 2 години учебници нема во цела држава, да се обрне внимание на социјалниот аспект и едноставно луѓето да почнат да живеат квалитетен живот“, заклучи тој.

Не случајно денеска сме во Пехчево, тоа е еден од првите градови со најголем јаз, најголемо иселување, околу 30% се имаат иселено, демографскиот аларм  одамна е вклучен. Бројките се немилосрдни. Не само што се намалува вкупното население за околу 200 илјади за 20 години, фрапантен е податокот дека имаме намалување на возрасната категорија од 15 до 64 години, а тоа е работоспособното население, изјави Жаклина Пешевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

Пешевска нагласи дека овие фактори влијаат на помал број запишани ученици, студенти, намалување на пазарот на труд и се соочуваме со катастрофалните последици на оваа власт и немаме работна сила во многу области.

- Причините за иселување велат дека се за подобри економски состојби, но тие се од различна природа, во државата нема ефикасна здравствена заштита, немаме добра социјална заштита, нема владеење на право, криминал и корупција на секој чекор. Граѓаните во таква атмосфера го гледаат излезот надвор. Големи стопанственици заминуваат и не размислуваат да се вратат, рече таа.

Пешевска изјави дека во последниве години учениците немаат книги, во руралните средини сме на добар пат целосно да се иселуваат, градовите се иселуваат, на пат сме да станеме држава без народ.

- Имаме национална стратегија за демографија која не е функционална, важно е да размислуваме за функционална национална стратегија, сите мерки кои ќе ги имаме како идна власт да бидат применливи. На оваа власт не и е во фокус да го крева човечкиот капитал и низа мерки од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги укинаа како мерката за трето дете, „купи куќа купи стан“ кои ја користеа млади, истакна Пешевска. 

Важно е да работиме со ресурсите кои ги имаме, и во фокус треба да ни биде семејството како столб на општеството.

Сите проекти кои ќе ни бидат во таа национална стратегија треба да ги опфатат сите целни групи и возрасти во државата. За младите се знае, квалитетно образование, вработување, високи плати. За жените можам многу да говорам, многу податоци кажуваат за родовата димензија, немаме економски силни жени и првата работа која треба да ја таргетираме и креираме повеќе мерки за економско јакнење на жените, немаме жени сега на раководни позиции, 220 илјади жени се домаќинки. Ни требаат изградба на нови градинки, проширување на постоечките, ни треба владеење на право, заштита на децата.

Понатаму даночни бенефиции за многудетни семејства, намалување на ДДВ за бебешка облека, пелени, менструални производи. Треба да размислуваме и за старосна пензија за мајки се на повеќе од 3 деца кои не успеале да остварат право, рече Пешевска.

Таа нагласи дека низа мерки на партијата ќе опфатат целни групи, семејството да се направи економски посилно и ќе имаме постабилна економска држава.

Бројките за иселување кои ги слушаме ја даваат тажната и ужасната слика на исчезнување на Македонија. Македонија станува земја без народ, територија без население, а нема држава без народ, нема училишта без ученици, нема економија без луѓе и нема ништо ако нема деца. А нас како никогаш во историјата изминативе 6-7 години ни снемува деца, млади и ни сменува детски плач, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Ѓорчев истакна дека причините се бројни, но Македонија никогаш немала покатастрофална власт. оваа власт на Заев, Ковачевски и Пендаровски буквално ја уништува Македонија.

- Буквално ја уништуваат Македонија. Ние сме земја која секогаш имала иселување, имало печалба, гурбет, луѓе кои од помалите места оделе за Белград, Германија, прекуокеанските земји, но ваква катаклизма немало никогаш. Пред да дојде живот како што велеше Заев во 2016 имавме 23.000 бебиња,  а минатата година имаше историски најмалку 18.027. ниедна земја во светот немала таков пад, нагласи тој.

Ѓорчев посочи дека економската политика апсолутно игра улога, нема нова отворена фабрика, нема нов проект, Македонија душмански се пљачка, луѓето бегаат, креваат раце, старите остануваат сами, нема кој да ги гледа, младите заминуваат во Италија, Германија, Скандинавија.

Во првиот квартал оваа година родени се само 3600 деца, а во 2016 година родени се 5600 деца. Тоа се 100 паралелки помалку со деца.  Ако ги погледнете бројките падот е 40%, нас ни се случува рецесија на животот, на Пендаровски, Ковачевски, Заев око не им трепнува. Една општина Зрновци првото дете се раѓа во октомври, до толку е лошо, не се сите исти во општина Зрновци во 2016 имало 20 деца. Има одговорност за тоа. Не може да бидеме рамнодушни на тоа. Оние кои ова и го приредија на Македонија треба да ги набркаме, Македонија сака и мора да опстане, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев нагласи дека не се само помалите места и во поголемите градови е исто, на пример во Центар 4 школи не може да наполниме со деца, паднати сме на 15-16 ученици во паралелка.

- Си заминуваат добростоечки семејства, жестока неправда и се случува на Македонија. Мораме да застанеме на нозе, мораме на овие некадарници да им кажеме пријатно и Македонија да ја креваме на нозе, истакна Ѓорчев.

Кога е силно ВМРО-ДПМНЕ и Македонија е силна, не треба да се губи надеж, знаме како да го направиме, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе има економија, добри политики програми. Заеднички да ги негуваме традиционалните семејни вредности. Решението е 61 пратеник, треба жестоко изборно оваа власт да биде казнета. Мора да имаме влада што си ја сака државата за да ја издигнеме државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан