• сабота, 23 ноември 2024

Дебарското конзумно подрачје и понатаму без струја

Дебарското конзумно подрачје и понатаму без струја
Дебар, 10 јануари 2021 (МИА) - Дебарското конзумно подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река  и понатаму е без електрична енергија. Прекинот во снабдувањето е од 10:30 часот, поради оштетувања на далекуводот  кај Маврово и друг дефект кај  Глобочица. Според директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани оштетен е далекуводот кај Маврово, како и кај Глобочица, така што двете линии од кои се снабдува Дебар се оштетени од невремето. -Шест екипи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектите, информираше Општина Дебар. Според градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски,  има оштетувања на електричната мрежа и во прекин е 110 киловолтниот далекувод од ХЕ Вруток до ХЕ Шпилје и 110 киловолтниот далекувод од ХЕ Глобочица до ХЕ Шпилје. Сепак и покрај напорите  на екипите кои се вклучени во санирање на дефектите се чини дека жителите од овој крај вечерва ќе ја минат со свеќи. Дебарското конзумно подрачје опфаќа на 12.000 потрошувачи. Поради обилните дождови од вчера заматена е водата  во водоводот Росоки-Дебар преку кого  со вода за пиење се снабдува Дебар, селата Рајчица и Долно Косоврати, како и дел од општина Центар Жупа. Водата пред употреба мора да се филтрира или преврива. Поради ова како и прекинот во снабдувањето со електрична енергија во трговската мрежа најпродавани се свеќите и водата во шишиња. вт/вј/

Остани поврзан