Дебарските пожарникари гаснеа пожар во погранично албанско село
- Според Командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски интервенцијата била по дојава од албанска страна од каде е побарана помош.
Дебар, 12 септември 2023 (МИА) - Дебарската Територијална противпожарна единица, интервенираше во гаснење на пожар во албанско погранично село.
Според Командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски интервенцијата била по дојава од албанска страна од каде е побарана помош.
- По барање од нивна страна а во согласност со локалната власт на Дебар нашите пожарникари интервенираа во локализирање и целно гаснење на пожар во пограничното албанско село Војника, кое е на оддалеченост од 16-тина километри. Стануваше збор за пожар на отворен простор, кој можеше да се прошири и на блиските куќи, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ.
Поради близината ова не е првпат дебарските пожарникари да интервенираат во пограничните албански области, што, според Мифтароски, го прават од хуман аспект а во согласност со локалните власти од двете страни.
Дебарската ТППЕ освен на територијата на општина Дебар, интервенира и во општина Центар Жупа и подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше. вт/нд/
Фото: ТППЕ Дебар