• среда, 27 ноември 2024

Дебарскиот локален совет за превенција го одржа првиот работен состанок

Дебарскиот локален совет за превенција го одржа првиот работен состанок

Дебар, 3 јуни 2024 (МИА) - Во просториите на општина Дебар, под раководство на градоначалникот Хекуран Дука, попладнево одржан е првиот состанок на Локалниот совет за превенција, кое е многу значајно тело, кое со своето функционирање ќе овозможи спречување на појави кои создаваат проблеми во општината, информираа од општината.

На состанокот освен претставници од различни единици на општинската администрацијат, присуствувале и претседателот на Советот на општината, Фуат Спахиу, командирот на Полициската станица од општа надлежност, Дритан Бакали, командирот на противпожарната единица Џетан Мифтароски, како и Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Полициската станица со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, исто како што „Стандрад“ со вода за пиење преку водоводот Росоки-Дебар, ги снабдува општините Дебар и дел на Центар Жупа, додека ТППЕ интервенира во овие две општини, како и подрачјето на Река, општина Марово и Ростуше.

-Формирани се две тематски групи, онаа за животна средина и екологија, како и групата која ќе се занимава со проблемот со сообраќајот во нашиот град. Договореното на оваа средба ќе се спроведе во краток временски период за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, како и да бидат подготвени да се справат со големиот проток на наши иселеници кои во летниот период престојуваат во родниот крај, додаваат од општината.

Најавуваат дека Локалниот совет за превенција во текот на овој месец ќе одржи уште два состанока за да ги координира потребните активности. вт/мд/

Фото: општина Дебар

Остани поврзан