• сабота, 27 јули 2024

Двejн Џонсон прележал Ковид-19

Двejн Џонсон прележал Ковид-19
Лос Анџелес, 3 септември 2020 (МИА) - Американскиот глумец Двејн Џонсон - „Карпата“ (The Rock), на Инстаграм објави дека тој и неговото семејство оздравеле од зараза со коронавирус. „Мојата сопруга Лорен, двете ќерки и јас добивме позитивни тестови за Ковид-19. Можам да ви кажам дека ова беше едно од најтешките нешта коишто сме ги преживеале како семејство", напиша глумецот. Актерот притоа нагласи дека сега тој и семејството се добро. Следниот филм во којшто обожавателите ќе може да го погледнат Двејн Џонсон, е „Авантура во џунглата“ (’Jungle Cruise’, 2021 година). си/ссм/

Остани поврзан