Двојничка на Ријана ги збунува нејзините следачи (видео)
- Многумина се, просто, вџашени од сличноста меѓу нив две, а меѓу нив, се чини, и самата Ријана. И таа имаше свој коментар, па се пошегува на своја сметка на еден од порталите што го споделија

Лос Анџелес, 17 август 2020 (МИА) - Тик-ток „ѕвездата“ Присила Беатрис се прослави преку ноќ како двојничка на пејачката Ријана и продолжува да ги збунува и нејзините и своите обожаватели.
„Личи на Ријана повеќе и од Ријана“, гласи еден од коментарите.
Девојката очигледно и имала намера, со својот стил, шминка и облека, што повеќе да личи на поп-ѕвездата.
Многумина се, просто, вџашени од сличноста меѓу нив две, а меѓу нив, се чини, и самата Ријана. И таа имаше свој коментар, па се пошегува на своја сметка на еден од порталите што го споделија видеото на имитаторката.
„Кога албумот, сестро? #Р9“, напиша Ријана.
Таа тоа го рече имајќи го предвид долгоочекуваниот нејзин следен албум што, според многумина, досега требаше да биде готов. Последниот, осми албум, таа го издаде 2016 година. си/
https://www.instagram.com/p/CD5NkIuFwlZ/?utm_source=ig_embed
