• среда, 27 ноември 2024

Двонеделна вонредна состојба во Папуа Нова Гвинеја, 15 загинати во улично насилство

Двонеделна вонредна состојба во Папуа Нова Гвинеја, 15 загинати во улично насилство

Порт Морсби, 11 јануари 2024 (МИА) - Премиерот на Папуа Нова Гвинеја Џејмс Марапе денеска прогласи двонеделна вонредна состојба во главниот град Порт Морсби, откако 15 лица загинаа во улично насилство.

„Повеќе од 1.000 војници се подготвени да интервенираат „каде што е потребно“ во согласност со декретот за вонредна состојба“, рече Марапе еден ден по немирите, грабежите и палењето продавници во два града во земјата.

Тој претходно денеска изјави дека ќе се бори против „анархијата“.

Насилството избувна во главниот град Порт Морсби, откако група војници, полицајци и затворски чувари демонстрираа против владата. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан