• среда, 27 ноември 2024

Двократниот светски шампион Роуз се пензионира

Двократниот светски шампион Роуз се пензионира

Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) - Американскиот кошаркар Дерик Роуз објави дека се пензионира на 35 години.

-Следното поглавје е за бркање на вашите соништа и споделување на вашиот развој. Верувам дека вистинскиот успех доаѓа кога ќе станете такви какви што сте создадени да бидете, а јас сакам да му покажам на светот кој сум јас надвор од кошарката, изјави Роуз за „The ​​Athletic“.

Последниот тим за кој играше Роуз беше Мемфис. На Американецот му остана уште една година од договорот со клубот, играчот требаше да заработи 3,4 милиони долари. 

Претходно во кариерата, Роуз играше за Чикаго булс, Њујорк никс, Кливленд кавалирс, Минесота тимбервулвс и Детроит пистонс.

Во 2011 година, Роуз беше прогласен за најкорисен играч во НБА, со што стана најмладиот добитник на наградата МВП на 22-годишна возраст. Тој е и светски шампион во 2010 и 2014 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан