• среда, 27 ноември 2024

Дводневна работилница за Предизвиците за македонската економија од воведувањето на даночната реформа

Дводневна работилница за Предизвиците за македонската економија од воведувањето на даночната реформа

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Претседателот и членовите на Комисијата за финансирање и буџет учествуваат на дводневна работилница поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија на која се дискутира за Предизвиците за македонската економија од воведувањето на даночната реформа.

-Целта на работилницата е да се разменат мислења и ставови во однос на стратегијата за реформи на даночниот систем, целите и приоритетите на реформата, воведувањето на нови даноци, проширувањето на даночната основа и подобрувањето на ефикасноста на даночниот систем, информираат од собраниската прес-служба.

Во своите излагања пратениците посочија дека е потребно да се обезбеди праведен, ефикасен и современ даночен систем кој ќе придонесе за намалување на даночната евазија и сивата економија, праведност во одданочувањето и поголема ефикасност во прибирањето на приходите од страна на даночната администрација. сст/дма/

фото Собрание на РСМ

Остани поврзан