• вторник, 24 декември 2024

Движењето БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Движењето БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Скопје, 26 јануари 2024

Северна Македонија се движи кон иднината со целосна надеж, достоинство и стабилност.

Вчера во Собранието оставки поднесоа челниците на криминалот и корупцијата во земјава. Ова е само почетокот на крајот на криминалот на ДУИ и СДСМ кои четири години произведуваа само казина, обложувалници, тендери за семејства, уништување на образованието, неуспех во економскиот развој и губење на надежта.

Оваа Влада ќе остане запаметена по Соравија, развојот на коцкањето, збогатувањето со парите граѓаните, ја збогатија   фирмите на сопругата  премиерот, децата и внуците на Али Ахмет, развојот на српскиот и рускиот бизнис во земјава, како и неуспехот за евроинтеграците.

Но, овие криминални постапки на власта придонесоа за обединување на албанскиот опозициски фронт и обединување на силите на сите граѓани кои се против деструктивните политики во овие две децении.

8 нај доаѓа и граѓаните ќе одлучат за една иднина полна со достоинство и сигурна европска иднина.

 

Движење БЕСА

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан