• сабота, 23 ноември 2024

Две лица од Кратово го прекршиле полицискиот час

Две лица од Кратово го прекршиле полицискиот час

Крива Паланка, 27 март 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие лишени од слобода се две лица од Општина Кратово бидејќи не се придржувале до мерката за забрана за движење во временскиот период од 21 до 05 часот и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Состојбата пак, на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце е мирна, сите граѓани го почитувале полицискиот час.

Што се однесува до мерката за самоизолација, вкупно 76 лица од општините Кратово, Ранковце и Крива Паланка се во домашна самоизолација и тие во изминатиот период досега не ја прекршиле мерката. Од Крива Паланка со наредба за изолација од Министерството за зравство се наоѓаат 35 лица, 27 од Кратово и 14 од Општина Ранковце.

Од страна на полициски службеници при СВР Куманово и ОВР Крива Паланка се вршат секојдневни контроли на лицата во изолација и самоизолација, како и контроли на угостителски објекти, при што не се регистрирани прекршувања од истите.ид/бт/

Тагови

Остани поврзан