• недела, 22 декември 2024

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгород

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгород

Белгород, 8 март 2024 (МИА) - Две лица загинаа во напад на украинско беспилотно летало во руската област Белгород, објавија британските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

-Како резултат на експлозии, две лица загинаа, а трет е тешко повреден, напиша вна „Телеграм“ гувернерот на округот Вјачеслав Гладков.

Руското Министерство за одбрана и Гладков соопштија дека повеќе напади со беспилотни летала биле спречени претходно во текот на денот.

Се уште не можат да се потврдат извештаите на руските власти. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан