• недела, 28 јули 2024

Две активистки за ЛГБТК+ права осудени на смрт во Иран

Две активистки за ЛГБТК+ права осудени на смрт во Иран
Техеран, 5 септември 2022 (МИА) - Две активистки за права на ЛГБТК+ лицата се осудени на смрт во Иран под обвинение за промовирање хомосексуалност, соопштија денеска активисти и апелираа меѓународната заедница да спречи извршување на пресудата. Триесет и едногодишната Захра Седиги Хамедани и 24-годишната Елхам Чубдару се осудени во северозападниот град Урмија, информираше курдската организација за човекови права „Хенгав“. Активистките, кои и самите се дел од ЛГБТК+ заедницата, сега се во женското одделение на затворот во Урмија. Шади Амин, координаторка на иранската организација за одбрана на права на ЛГБТК+ лица „6Ранг“, со седиште во Германија, ја потврди пресудата против двете млади жени. - Ги повикуваме сега Германија и другите странски влади да извршат притиок врз Иран со цел активистките да бидат ослободени, апелираше таа. Како што таа додаде, ова не е првпат жена да биде осудена на смртна казна во Иран поради својата сексуална ориентација. бд/сд/

Остани поврзан