• вторник, 27 август 2024

Два пораза го делат Челзи до повторувањето на антирекордот во ерата на Абрамович

Два пораза го делат Челзи до повторувањето на антирекордот во ерата на Абрамович
Лондон, 2 јули 2020 (МИА) – Екипата на Челси вчеравечер загуби од Вест Хем во мечот од 32. коло од шампионатот на Англија (2:3). За тимот предводен од Френк Лампард, овој пораз беше 10-ти оваа сезона. Според „Опта“, само во сезоната 2015/2016, „сините“ загубија поголем број пати во Премиер лигата во ерата на Роман Абрамович. Рускиот бизнисмен го купи Челзи во 2003 година. Неговиот тим пред четири години претрпе 12 порази и сезоната 2015/2016 ја заврши на 10. место. Оваа сезона и покрај двоцифрениот број загубени средби, Челзи има изгледни шанси да се најде помеѓу четирите најдобри и со тоа да избори учество во Лигата на шампионите. По 32 кола тимот е на 4. место со 54 бода. зс/

Остани поврзан