Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат
- Вкупно два пожара на отворено низ државава се регистрирани денеска до 12:30 часот, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.
Скопје, 4 септември 2025 (МИА) - Вкупно два пожара на отворено низ државава се регистрирани денеска до 12:30 часот, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.
Едниот, приземен пожар на Кожуф планина, општина Гевгелија, е ставен под контрола.
Пожарот во кавадаречкото село Ваташа, каде горела ниска вегетација, бил изгаснат. бд/са/
Фото: МИА архива