• вторник, 24 декември 2024

Двајца швајцарски триатлонци се повлекоа од олимписката штафета поради инфекција

Двајца швајцарски триатлонци се повлекоа од олимписката штафета поради инфекција

Париз, 5 август 2024 (МИА) - Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман не учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет.

Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот.

Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена.

 

На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан