Двајца сириски државјани илегално префрлиле 14 лица од Грција во нашата држава
- Кривична пријава за двајца 18-годишни сириски државјани, со привремен престој во Грција, илегално префрлиле 14 лица од грчка територијата во нашата држава.
Скопје, 8 август 2023 (МИА) - Кривична пријава за двајца 18-годишни сириски државјани, со привремен престој во Грција, кои илегално префрлиле 14 лица од грчка територијата во нашата држава.
- ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Х.М.(18) и А.А.(18), двајцата сириски државјани, со привремен престој во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „шверцување мигранти“. На 01.08.2023 пријавените, во својство на водичи, илегално префрлиле 14 мигранти, од кои едно дете, сите од Сирија, од територијата на Република Грција во Република Северна Македонија, информираат од МВР.
Покрај овој случај, ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата државјани на Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“.
- На 19.07.2023, пријавените со патничко возило на граничен премин Богородица префрлиле еден грчки државјанин во Република Северна Македонија, прикривајќи го во багажниот простор од возилото, известуваат од МВР. ир/аа/
Фото: МИА архива