• петок, 05 декември 2025

Двајца полицајци убиени, еден ранет во пукотница на селски имот во Австралија

Двајца полицајци убиени, еден ранет во пукотница на селски имот во Австралија

Мелбурн, 26 август 2025 (МИА) - Двајца полицајци се убиени, а трет е повреден во пукотница на селски имот во Порепунка, на североистокот од австралиската држава Викторија, објавија локалните власти.

Возила на брза помош и полициски возила се на местото на настанот, околното подрачје е блокирано, а на жителите им се советува да не ги напуштаат своите домови.

„Извештаите потврдуваат дека еден полицаец е повреден, а двајца други починале откако полицијата извршила налог на рурален имот“, соопшти Австралиската федерална полициска асоцијација (AFPA).

Полицијата го опиша настанот како „активен и тековен инцидент што може да претставува значителен ризик за граѓаните“, пренесува Еј-Би-Си (ABC).

Австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерката на Викторија, Јасинта Алан, го осудија нападот и изразија загриженост за опасностите за безбедносните сили.сд/

фото:ЕПА

 

Остани поврзан