• сабота, 23 ноември 2024

Дванаесет членови на антиџихадистичката милиција загинаа во судир со бандите во Нигерија

Дванаесет членови на антиџихадистичката милиција загинаа во судир со бандите во Нигерија

Кано, 6 февруари 2024 (МИА) - Дванаесет борци на антиџихадистичката милиција во Нигерија беа убиени во судири со бандити во северозападниот дел на оваа населена африканска земја, изјавија извори од милицијата, пренесе Бета.

Припадниците на локалните милиции, обучени да се борат со џихадистите, тврдат дека убиле десетици бандити вчера во битките во сојузната држава Сокото.

-Убивме повеќе од 50 бандити, но за жал загубивме 12 наши луѓе, изјави член на милицијата што учествуваше во тие судири.

Бабакура Коло, водач на антиџихадистичката милиција на североисток, рече дека смртните случаи се случиле во близина на село во близина на границата со Нигер.

Северозападните и централните делови на Нигерија се под контрола на криминални групи колоквијално познати како „бандити“. Тие одат во крвави рации по селата и ги киднапираат жителите, а потоа бараат откуп за нив.

Иако бандитите се водени од пари, властите и аналитичарите се загрижени за нивните растечки врски со џихадистичките бунтовнички групи кои го пустошат североисточниот дел на земјата веќе 14 години.

Милицијата, формирана во 2013 година, беше организирана и обучена од нигериската армија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан